Малолетник возел „ауди“ на татко му, полно со оружје

Возилото со кое управувал малолтникот, кој месецов наполнил 15 години, било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари.



Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил „Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли“.