Малолетна „киднапирана“ гостиварка, по два дена момчето ја вратило во полиција

Два дена траела голготата на 50-годишниот гостиварец И.П., кој избезумено – со помош на полицијата, пријатели и роднини – ја барал својата 15-годишна ќерка. Исчезнала во неделата, откако излегла од дома околу 9 часот наутро и повеќе никој не ја видел.



Денеска околу 12 часот во полициската станица во Гостивар се појавила велејќи ѝ на полицијата дека, едноставно, „отишла кај својот љубен“.

Загрижува фактот што, според полициската статистика во овој регион, минатата година се пријавени за исчезнати 27 лица, најголем дел малолетнички. Поголем дел од нив завршуваат среќно – се враќаат дома, како во овој случај, или се пронајдени од страна на полицијата.