Невладина организација со седиште во Чешка и смета дека осум мали речни хидроцентрали, финансирани изградени со европски јавни пари, во Албанија, Хрватска и Македонија, ја оштетиле биолошката разновидност и требало да се спроведат мерки за поправање на штетите.



Хидроцентралите Иловац во Хрватска, Хидроцентралите Рапуни 1-2 и Тернове во Албанија и петте хидроцентрали во Македонија – Брајчинска река 1, Брајчинска река 2, Тресонечка река, Липково и Теарце 97-99 – влијаат врз ендемските и загрозените видови, а во некои случаи, тие ја попречуваат употребата на вода од локалните заедници, стои во извештајот на невладината CEE Bankwatch Network која се повикува на резултати од направена студија.

Објектите беа изградени во 2013-2015 со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и од Европската инвестициона банка (ЕИБ), се потенцира во извештајот.

„Хидроецентралите ги блокирале премините за риби, а пропуштале недоволни или никакви количини на вода воопшто низводно […] Овие проекти, меѓу другото, предизвикале уништување на живеалиштата на ендемичната Преспанска пастрмка во Македонија и полнење на глацијалното Црно Езеро во Албанија“, наведува Bankwatch.

„Нашите истражувања покажуваат дека така наречените мали хидроелектрани имаат големи влијанија. Време е финансиерите да престанат да инвестираат во било која индустриска активност во еколошки чувствителни области“, вели Игор Вејновиќ, офицер за хидроенергија на Bankwatch и автор на студијата.

Bankwatch очекува банките да воведат „заштитени зони“ за финансирање во хидроенергија, во согласност со препораките на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).

Исто така, на Европската комисија и се препорачува да им помагне на земјите да усвојат и да ја спроведат Рамковната директива за вода на ЕУ и директивите за птици и живеалишта, со цел да го подобрат управувањето со реките во регионот и да им помогнат на земјите да го намалат прекумерниот притисок врз реките.

CEE Bankwatch Network со седиште во Чешка, е најголемата група на граѓани за заштита на животната средина и човековите права во централна и источна Европа.