Но, здравиот разум кажува дека ако е ваква состојбата во политичките и правните науки, мора да е неспоредливо полоша во оние егзактните кои бараат опремени лабаратории и огромни суми пари. Листајќи низ информациите за начинот на работа на академиите во развиените земји, како Америка, на пример, се добива впечатокот дека формата не е важна. Важна е суштината: колкав е придонесот на членовите на некоја академија за конкретна научна област. Тоа нужно значи тесна соработка со универзитетите,само најдобрите , се разбира.
МАНУ, како што отворено им кажав на академиците во времето на мојата соработка со нив, пред години, е нешто налик на темен и правлив музеј. Институција која не е толку во служба на науката колку во служба на личната промоција на поединци, понекогаш, и со сомнителни вредности.
Фактот дека последниве години најголемите гласноговорници за националната кауза беа академик од областа на техничките науки и академик лингвиста, е јасен доказ дека „немале попаметна работа“. Не, не сме исклучок. Како симболи на нацијата и на национализмот, балканските академии на науките секогаш се леглото на национализмот а не научни институции како во зпадните демократии. Идеал на нашите академици од времето кога соработував со несреќниот Центар за стратешки студии кој умре под товарот на незнаењето и националната егзалтација, беше некаков проглас, некаков меморандум, некаков сјаен документ со кој академиците ќе стекнат домашна и светска слава”, пишува Малески во колумна за Либертас во која вели дека Албанците еден ден ќе ја добијат својата МАНУ.






