МАКСТИЛ ќе ги бара назад парите што ги плати за солидарен данок, подготвен да разговара за динамиката на исплата

На име на солидарен данок Компанијата платила 4,3 милиони евра што бил најголем износ што било која компанија во земјава го плати за таа намена, дознава Денешен



„Бевме една од најзасегнатите компании со Законот за солидарен данок и нормално е да си ги бараме парите кои неправедно ги плативме зашто ни се потребни за предвидливост и буџетирање иако имаме рок од пет години за да го направиме тоа. Знаеме дека државниот Буџет е таков каков што е и дека Владата има планирано трошоци, изјави денеска Димитар Цветковски од МАКСТИЛ во одговор на новинарско прашање и додаде:

„Подготвени сме на некој начин да разговараме за да се договориме за динамиката за враќање на парите. Не помина многу време откако ги уплативме парите и мислам дека нема да бараме камати, бидејќи не сакаме дополнително да го оптоваруваме Буџетот, рече Цветковски .

Тој ја поздрави одлуката на Уставниот суд за укинување на законското решение и рече дека сака индиректно да ја поздрави и Владата која, како што кажа, имаше доблест и реши да не се меша при носењето на одлуката од страна на Судот.

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, државата ќе треба да врати околу 50 милиони евра