Максим со длабока и емотивна благодарност до жената на неговиот живот (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски денеска упати јавна емотивна благодарност до Надица, жената на неговиот живот.



По повод брачниот јубилеј со неговата сопруга Димитриевски упати порака која само малкумина македонски мажи јавно ја упатуваат.

,,25 години заедно… Ти благодарам на целото разбирање, посветеност и благослов! ❤️❤️❤️”, напиша Максим до сопругата Надица.

Димитриевски и неговата сопруга Надица се 25 години во брак.

Во Куманово велат дека станува збор за брак исполнет со љубов, почитување и слога. Плод на нивната љубов се нивните три деца – Милан, Вероника и Димитар.