Кандидатот за претседател на државата на 2 април треба да се појави на судење во Судот во Куманово, поради злоупотреба на службената положба.
По кривична пријава поднесена од двајца бизнисмени од Куманово, Максим Димитриевски е обвинет бидејќи не потпишал барање за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.
Со тоа двете фирми пријавиле предизвикување на штета во висина од 55.000 евра.
Димитриевски кажа дека двете фирми биле блиску до СДСМ, а овој случај го нарече „политички реваншизам“.






