Макрон: Трамп не смее да биде слаб пред Путин

Францускиот претседател изјави дека планира следната недела да му каже на Доналд Трамп дека не може да си дозволи да биде слаб пред Владимир Путин.



Емануел Макрон треба да го посети Вашингтон следниот понеделник, кога, како што вели, ќе се обиде да го убеди Трамп дека неговиот интерес е „ист како нашиот“, пренесе Ројтерс.

„Ќе му кажам „Не можеш да бидеш слаб со претседателот Путин. Тоа не си ти, тоа не е твој заштитен знак, тоа не е во твој најдобар интерес“.

Говорејќи за време на прашања и одговори за Украина и европската безбедност, Макрон рече дека Трамп „создава несигурност бидејќи сака брзо да склучи договор“.

Во врска со Володимир Зеленски, кого Трамп оваа недела го нарече диктатор, Макрон рече дека украинскиот претседател е легитимен.

Тој рече дека Зеленски е избран на слободни избори, што не е случај со Путин.