Макрон: „Путин не сака мир и не е подготвен да преговара“

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата изјави дека масовните руски напади врз Украина покажува дека рускиот претседател Владимир Путин „не сака мир и не е подготвен да преговара“, објави Ројтерс.



Приоритет на Франција беше „да ја опреми, поддржи и помогне Украина да се спротивстави“, рече Макрон, кој ќе присуствува на состанокот на Г-20 во Бразил.

Макрон рече дека сојузниците на Украина „мора да останат обединети на агендата за вистински мир, односно мир што не значи предавање на Украина“.

Вчера, американскиот претседател Џо Бајден одобри употреба на вооружени системи од Украина доставени од САД за напади на руска територија.

Медиуми за ова дознаа од анонимсни извори блиски до американските власти.