Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Елисејската палата изјави дека Париз очекува разговорите за пристапување на Украина во ЕУ да започнат до крајот на јуни, France 24.
„Франција продолжува да ја поддржува Украина во сите области, вклучително и на европско ниво, инсистирајќи на ефективен почеток на преговорите за пристап во ЕУ до крајот на овој месец“, изјави Макрон за новинарите.
Тој рече дека Франција, исто така, сака Украина да се движи кон членство во НАТО.
Макрон потврди дека обуката на украинските пилоти ќе започне „веднаш“ и дека Франција ќе „обучи“ и „опреми“ цела бригада на украинската армија од 4.500 војници.
Ден претходно францускиот претседател изјави дека Париз ќе и обезбеди на Украина борбени авиони Мираж 2000, кои ќе и помогнат на Киев да ги одбрани својата „земја“ и „небо“.
На годишнината од истоварувањето во Нормандија, „Денот Д“, и американскиот претседател Џо Бајден ги повика западните сили да останат на курсот за Украина и да не се предаваат на руската тиранија.





