Францускиот претседател Емануел Макрон на македонски јазик ѝ честиташе победа на новоизбрата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.



„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за претседател. Франција останува на страната на С. Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина, напиша Макрон на Фејсбук.

„ Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски, напиша Силјановска Давкова во одговорот до Макрон во кој се заблагодари за поддршката и честитките.