Откако пред пет години му дијагностицира „мозочна смрт“ на НАТО, францускиот претседател Емануел Макрон сега предупредува дека Европската унија би можела да „умре“.
Според него, блокот од 27 нации заостанува зад Вашингтон и Пекинг, кои ја надминаа ЕУ според економските резултати и инвестициите.
„ЕУ може да умре, ние сме на работ на многу важен момент“, рече Макрон на Берлинскиот глобален дијалог.
„Нашиот поранешен модел е готов – претерано регулираме и недоволно инвестираме. Во следните две до три години, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе бидеме надвор од пазарот“, смета тој.
Францускиот претседател, исто така, предупреди дека ако ЕУ не успее итно да ги реформира регулативите, блокот ќе биде принуден да спроведе план за спас за пет до десет години.
Тој ги повика земјите-членки да извршат притисок за фер правила за глобална трговија, а истовремено го повика Брисел да го комплетира пакетот финансиски правила на банкарската унија, според Блумберг.






