Истиот ден кога во Солун се собраа над 30.000 луѓе за да кажат „не“ за зборот Македонија да стои во името на македонската држава, протест се одржа и во Австралија, каде што припадници на грчката заедница во Мелбурн нападнале Македонци, известува порталот „Фаланга“.
На протестот под мотото „’Не за продажба на името Македонија’ и ‘Македонија секогаш ќе биде грчка’“, на кој присуствувале околу 2.000 луѓе, дошло до физичка и вербална пресметка на демонстрантите со неколку Македонци што носеле облека со македонски национални обележја и седеле во кафетерија
близу Конзулат на Грција.
Полицијата интервенирала навреме, употребувајќи солзавец.
Меѓу грчките демонстранти имало и припадници на српската дијаспора во Австралија.





