Масовни протести во организација на глобалното движење „Ние сме Македонија“ (WeAreMacedonia) се одржаа вчера во поголемите градов во Австралија.
https://www.facebook.com/SekulaVojvodaFanClub/videos/1033158713526352/
Исто како и протестите кои се одржуваат денес во 14 градови каде живее македонска дијаспора и Македонците во Австралија даваат поддршка и промовирање на национални интереси, човекови права и право на самоопределување и испратија одлучно „Не“ за продолжување на разговорите со Грција и барање за промена на уставното име на Република Македонија.
https://www.facebook.com/MKAUSPRIDE/videos/1888077914596862/
Организаторите тврдат дека на сите протести се појавиле над 70.000 Македонци.
За протестите во Сиднеј објавува и британскиот „Дејли мејл“, кој пишува дека 30.000 Македонци протестирале во Сиднеј, 10.000 повеќе од очекувањата на организаторите кои очекувале околу 20.000.
Како изгледаше атмосферата погледнете тука.





