Македонците заедно со Малтежаните се единствени во Европа кои најмногу сакаат да бидат „инфлуенсери“. Ова се гледа според мапата која ја објави порталот за вработување „Џобсикер“ (Jobseeker).
Судејќи според картата, најпосакувана работа на планетава е пилот. Прашањето „Како да се стане пилот“ на интернет е пребарано 50.000 пати во јануари 2024 година. Оваа професија е најпопуларна во 55 држави. Со виолетово се означени Обединетото Кралство, Ирска, Шпанија, Полска, Индија, Кенија, Сомалија, Босна и Херцеговина итн.
На место бр. 3 е професијата модел, односно имало вкупно 25.000 пребарувања на светско ниво. Со жолта боја се означени Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија, Хрватска, Словенија, како и Франција, Германија, Италија, Шведска, Алжир, Мароко и многу други земји.






