Македонците најмалку од сите во Европа одат в кино

Македонските граѓани се на дното на земјите од ЕУ, членките на ЕФТА и земјите кандидати за членство според бројот на посети на кино.



Само околу 2,9 % од населението во Македонија посетило кино претстава во 2015 година утврдило последното истражување на европската канцеларија за статистика Еуростат.

Најмногу во кино одат Швајцарите , над 30 % од сите граѓани а веднаш зад нив се Французите со 29,3 %.

Висок процент на одење на кино има и во Луксембург (26.4%), Белгија (22.7%) и Холандија (21.9%).

Според европскиот просек на одење во кино околу  17,7 % од граѓаните најмалку 4 пати во годината гледаат филмови на големиот кран.

Најблиску до нас според процентот на граѓани кои одат на кино од соседите е Грција со 6,2 % љубители на кино претстави.