Откако на социјалните мрежи се појави ситење за бомбите кои паѓаат врз цивили во Израел директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) бара Македонците да не се радуваат на трагедијата на семејствата на израелските лекари кои ги спасуваа животите на настраданите во Кочани.
Лидерот на Македонски концепт Петар Богојевски објавува наслов кој зборува за помошта на израелските лекари кои дојдоа во Скопје да помогнат на повредените во Кочани и апелира Македонците да не се радуваат на несреќата на нивните помагатели.

,,ДРАГИ МОИ МАКЕДОНЦИ,
на среде војна, Израел испрати најголема екипа во Македонија и ни спаси десетици деца од сигурна смрт од трагедијата во Кочани! Наши, македонски деца!
Мислам дека е недолично за нас, како народ и како нација, да се радуваме на бомбите кои паѓаат врз семејствата на истите тие лекари кои ги спасија нашите деца! Сега горат нивните деца, а на место да покажеме барем трошка грижа за нив, некои од нас им се радуваат!
Нели е тоа срамно за нас Македонците?
Жално и срамно за сите нас!
Затоа светот не не сака и не ни дава поддршка за ништо!
Благодарноста е домашно воспитување, а кај некои од нас очигледно било пропуштено”, пишува Богојевски.
Поврзана содржина
Безбедносниот експерт е вознемирен
Нова анализа на Седрак: Страв ми е да го споделам најстрашното сценарио за војната Израел – Иран






