„Македонското прашање“ најпопуларно во грчките медиуми

Прашањето за Македонија, спорот околу името и потребата од решение на тридеценискиот конфликт меѓу двата соседа се меѓу најпопуларните теми во дел од грчките медиуми.



Повеќе од еден месец овие теми се водечките според читаност и популарност во англиското издание на веб сајтот на грчкиот највлијателен весник „Катимерини“, кој е фронтмен меѓу медиумите кога се работи за спорот со Грција.

Редовно меѓу петте најпопуларни теми во весникот има по два или повеќе текста кои што се најчитани на дневна основа од читателите а за последниве 30 дена дури три од најпопуларните текстови од сите теми се за Македонското прашање.

Уште поинтересно е што и „Катимерини“ се повеќе на решението на спорот гледа како на потреба и интерес на Грција и ја напушта старата позиција на „црвени линии“ која што ја следеше радикалната црвена линија на грчката политика особено кога на власт беше Нова демократија.