По речиси една деценија македонското новинарство поточно Канал 5 телевизијата ја загуби одличната новинарка и водителка Михаела Димовска а адвокатурата добива одличен правник.
,,По девет прекрасни години поминати во Канал 5 телевизија, време е за ново поглавје. Многу сум благодарна за времето поминато како новинар, кое беше неверојатно патување полно со искуства кои никогаш нема да ги заборавам. Во целиот овој период научив толку многу и запознав прекрасни луѓе”, објави Димовска која е возбудена што може да објави дека презема нов предизвик.

Следниот работен ангажман на Димовска е во Адвокатска канцеларија на адвокат Ратко Димовски.
,,⚖️Ова е нешто кое исто така отсекогаш сум го сакала и едвај чекам да видам каде ќе ме одведе овој нов пат. Посакајте ми среќа! 🍀😉”, напиша Димовска простувајќи се од колегите и гледачите на Канал 5.
Најчитани статии
Expres.mk изразува најдлабоко сочувство до семејството
IN NEMORIAM: На 42 години замина одличен новинар и уште подобар човек
Биле излажани дека во Софија ќе патуваат и македонски државни претставници
МКД: Ние остануваме со нашиот народ – македонските уметници го откажаа настапот во Софија






