Македонија падна две места и сега е на 22. позиција меѓу 35 земји од стариот континент според Европски здравствен индекс (ЕХЦИ).
Од можни 1.000 поени, Македонија за минатата година освои 649, престигнувајќи ја Хрватска, која од 19. позиција се спушти на 26. со 620 поени, но падна во однос на Србија, која од 24. место сега го дели 20. со 673.
Од шесте индикатори што се земаат предвид, Македонија најмногу поени (200) освои за времето на чекање на здравствените услуги, каде што е на 16. место.
Според ЕХЦИ, Македонија е подобра од Малта (23. место), Ирска (24.), Летонија (28.), Полска и Унгарија (29.), Литванија (31.), Грција (32.), Бугарија (33.) итн.
Прва е Холандија со 924 поени, втора Швајцарија со 898, трета Данска со 864, четврта Норвешка со 850, колку што има и Луксембург итн.
Македонија беше највисоко рангирана во 2014 година, кога најмногу благодарение на системот на електронско закажување прегледи и операции „Мој термин“ напредуваше од 27. место на 16. со 700 поени, забележувајќи најголем скок откога е воведено ова рангирање во 2005 година.
Забелешка: На картата со зелена боја се земјите со над 800 поени, со жолта тие од 650 до 800, а со црвена под 650. Минимумот е 333 поени.




