Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст. Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно, објави Денар. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи сместување и дополнителни бенефиции.
Македонските работници имаат одлична репутација, а многу од нив се враќаат кај истите работодавачи. Очекувањата се дека трендот на зголемен интерес за сезонска работа ќе продолжи и оваа година. Работодавачите во приморските региони сè повеќе се потпираат на странска работна сила, бидејќи локалното население покажува сè помал интерес за сезонски ангажмани.

- „Минатото лето работев како келнер во еден ресторан во Сплит, со плата од 1.100 евра плус бакшиш. Оваа година веќе имам понуда од 1.400 евра и сместување. Хрватска ни дава можност да заработиме повеќе за неколку месеци, а трошоците за живот се прифатливи ако се вклучени храна и сместување“, вели Владимир Спасески, кој веќе неколку сезони работи во Хрватска.
Работниците бараат повисоки примања
Со оглед на зголемените животни трошоци и високата побарувачка за работници, сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра. Ова значи дека работодавачите мора да понудат поконкурентни пакети, вклучувајќи подобро сместување и дополнителни бенефиции.
- „Ако пред неколку години беше нормално да се работи за 900-1.000 евра, сега тоа повеќе не е случај. Работодавците сфатија дека ако не ги зголемат платите, ќе имаат сериозни проблеми да најдат работници“, објаснува Марко Јуришиќ, менаџер на хотел во Дубровник. Повеќе на порталот Денар.мк.





