Македонски провалник фатен по седум кражби во Швајцарија

Кантоналната полиција од Тургау, во соработка со Јавното обвинителство од Кројцлинген, уапси 38-годишен провалник од Македонија за серија кражби извршени во Швајцарија.
По интензивни активности на Одделот за кривична истрага на Кантоналната полиција од Тургау почнати летоска, трагата конечно ги довела детективите до извршителот на седум кражби во регионот на Кројцлинген. Македонскиот државјанин, кој обивал станови и возила, бил фатен на дело во близина на железничката станица во Бишофцел.
При сослушувањето обвинетиот признал дека извршил вкупно четири кражби на станови во регионот на Кројцлинген и во кантонот Сент Гален, како и три обивања на возила.