Македонскиот новинар Цветин Чилиманов тврди дека е цензуриран од организација финансирана од УСАИД која сега се затвара од страна на администрацијата на Трамп.
Чилиманов смета дека неговата колумна за состојбите во УСАИД не може да биде постирана затоа што е цензурирана односно избришана од социјалната мрежа каде што е постирана.
Според неговото тврдење за кое објавува и видео материјал, колумната исчезнува за само неколку секунди.
,,Фејсбук цензура во тек. Ја објавувам мојата редовна колумна, темата секако е злоупотреба на финансирањето на УСАИД во Македонија. Неколку секунди подоцна, објавата е избришана од партнерот за цензура на Facebook (финансиран од УСАИД) во Македонија”, пишува Чилиманов.
Видеото од бришењето на колумната е објавено на Х поранешен Твитер
Видеото во линкот
https://x.com/Cvetin/status/1888896876339949800?t=G_YlOJfTEhLPv7PRDNUuXg&s=19






