Македонската компанија од млечната индустрија „Лакталис МК логистика ДООЕЛ Скопје“ се најде на удар на руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор (Росселхознадзор).
Резултатите од лабораториските испитувања од референтниот центар покажаа присуство на значителни количества конзерванси, конкретно натамицин, како и присуство на натриум нитрат, исто така непријавено на етикетите, соопштија од Службата. Оттаму се пожалија дека немаат овластување да ја спречат испораката на таквите производи и да ги повлечат од продажба, поради што бараат измени и дополнувања на законската регулатива заради елиминирање на ризиците, се додава во соопштението. Канцеларијата, сепак, испратила информации за овој случај до контролните тела.
Спорниот товар од Македонија пристигнал во почетокот од месецов на граничниот премин Краснаја Горка на границата со Белорусија, а станува збор за 22 серии продукти со вкупна тежина од 445 тони.





