Државјанин на Република Македонија на возраст од 41 година е приведен на граничниот премин Ѓуешево на бугарско-македонската граница поради обид да пренесе со возило 21 килограм дрога.
На 3 јуни на излез од Бугарија кон Македонија вработени од Одделението за борба против трговија со дрога при Агенцијата „Царина“ пренасочиле за темелен царински преглед патнички автомобил „мерцедес-бенц“ со странски регистарски таблички.
Во просторот кај моторот на возилото биле пронајдени 18 пакетчиња со бела кристална материја, за која со тест било утврдено дека станува збор за амфетамин со вкупна тежина од 21 кг.
За случајот е поведена предистражна постапка и на обвинетиот со наредба на обвинител од Ќустендил му е одреден притвор до 72 часа.






