Македонски државјанин жртва на терористичкиот напад на „Ла Рамбла“

Македонски државјанин е меѓу жртвите на терористичкиот напад во Барселона во кој има 13 загинати и над 100 повредени луѓе од најмалку 18 различни држави.



Според шпанската Агенција за цивилна заштита меѓу жртвите има државјани на Македонија, Франција, Германија, Шпанија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Унгарија, Перу, Романија, Ирска, Грција, Куба, Кина, Италија и Алжир.

Портпаролот на агенцијата за цивилна заштита на Шпанија за медиумите не открил дали граѓани на наведените држави се меѓу загинатите или меѓу повредените.

Во терористичкиот напад на познатотото шеталиште во Барселона „Ла Рамбла“ каде што припадници на ИСИС со кола прегазија стотина туристи загинаа најмалку 13 луѓе.

Според коментарите на социјалните мрежи кои што масовно се ре-објавуваат вкупно има жртви од 14 држави а една од нив е македонски државјанин.

Министерството за надворешни работи на Македонија вчера вечер објави дека меѓу повредените и загинатите нема македонски државјани.