Македонски доктори несебично помагаа на настраданите во нападот во Магдебург

„Горди со нашата дијаспора” : Македонската амбасада во Германија се огласи на фејсбук, порачувајќи дека се особено горди на македонски лекари кои дале голем придонес во спасување на настраданите од несреќата во Магдебург во источниот дел од Германија.



„Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски

Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург

Горди со нашата дијаспора“, пишуваат од Македонската амбасада во Германија. 

https://www.facebook.com/share/p/14yZYd67ar/