Припадници на Армијата на Република Македонија од Кинетичкиот баталјон во рамките на Западната регионална команда од мисијата КФОР предводена од НАТО неколку дена вршеа моторизирани патроли во општина Ораховац.
„КФОР продолжува да го спроведува својот мандат – врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година – да придонесе за безбедна и сигурна средина за сите луѓе и заедници кои живеат на Косово и слобода на движење во секое време и непристрасно. КФОР работи во тесна координација со косовската полиција и со Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС)“, објави КФОР на својата страница на Фејсбук.
Ораховац е град и општина во западниот дел на Косово, во округот Ѓаковица.
Видео од македонската моторизирана патрола во Ораховац на линкот:






