Селекцијата на фудбалските великани на Македонија ја победи златната генерација на Бугарија од 1994 година со 3:2 во хуманитарниот натпревар во Варна, од кој целиот приход е наменет за семејствата на настраданите во Кочани.



Ристо Божинов ги доведе во водство гостите во 21. минута, израмни од пенал Мартин Камбуров во 38. минута, а Македонија повторно поведе преку Горан Пандев исто така со удар од белата точка во 40. минута.

Домаќинот одново изедначи со голот на Петар Михтарски во 52. минута, а точка на резултатот и на победата на „црвено-жолтите“ стави Дарко Тасевски во 57. минута од мечот што се играше 2х35 минути.

За победничкиот тим играа уште Најдоски, Б. Ѓуроски, Канатларовски, Христов, Бошковски, Марковски, Мицевски, Митревски, Целески…

Бугарија ја предводеше најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња Христо Стоичков, а настапија и Лечков, Балaков, Сираков, Jорданов, Боримиров, Jaнков, Генчев, Божинов итн.