Многу полесно и поубедливо од очекувањата, машката ракометна репрезентација на Македонија ја декласира Естонија со 36:17 во Талин и заврши половина од задачата во однос на пласманот на Европското првенство 2026.
За осми настап во низа на ЕП, вкупно деветти, на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе им биде потребна победа поголема од два гола разлика в недела од 18 часот во арената „Јане Сандански“ во Скопје.
Победникот во реваншот со Естонците, кои на стартот од квалификациите беа совладани само со 37:33, беше решен уште во првото полувреме, кое „црвено-жолтите“ го добија со 19:10.
Филип Кузмановски беше најефикасен во победничкиот тим со 6 гола од 12 удари, пред Мартин Серафимов со 5/5, Милан Лазаревски со 4/6, а вкупно 12 македонски ракометари се запишаа во листата на стрелците.






