Македонските песни немаат крај – Полјачка со ангелски глас и Македонец шират македонски мелос (ВИДЕО)

Стефан и Александра се македонско – полско музичко дуо. Се запознале во Софија а македонските песни ги изведуваат секаде каде што одат, објавува ТРТ на македонски јазик.



Балканскиот мелос им е омилен, а особено македонските народни песни. Нивните изведби благодарение на авантуристичкиот дух може да ги чуе публиката низ целиот свет.

Александра иако е од Полска со задоволство постојано учи нови македонски песни.

“Јовано Јованке” била една од првите кои ги научила. Погледнете ја нивната приказна и слушнете дел од изведбите на “Зора Дуо”.

Сторијата на ТРТ на овој линк

https://www.facebook.com/share/v/1Qk23YARny/