Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го освои десеттото место во Европската златна лига, откако во последниот натпревар на третиот турнир во Осиек загуби со 3:1 од фаворитот Шпанија, иако го доби првиот сет со убедливи 25-17, пред да ги изгуби преостанатите три со идентични 25-22.
Пласманот значи изборено учество и во следното издание на ова натпреварување со 5 бода, откако синоќа избраниците на селекторот Хари Наковски загубија во пет сета со 3:2 од Хрватска, иако водеа со 2-1!
Со оглед на отсуството на стандардниот Александар Љафтов, подмладениот состав на „црвено-жолтите“ ги оправда очекувањата од осминафиналистот на ланското Европско првенство, на кое еден од соорганизаторите беше токму Македонија.






