Македонските историчари молчат затоа што „апостолите на ВМРО биле Бугари“

Бугарскиот историчар Пламен Павлов ги предизвикува неговите колеги од Македонија со тврдењето дека ВМРО била чиста бугарска организација а нејзините основачи немале никаква друга национална свест освен бугарска.



Prof. Plamen Pavlov, historian: Macedonian historians skip many facts on VMORO to not admit that it is purely Bulgarian
Во изјава за агенцијата Фокус Павлов вели дека македонските историчари молчат целосно или премолчуваат дел од историските факти затоа што знаат дека организацијата имала исклучиво бугарски карактер.

Павлов го цитира Даме Груев кој сакал да создаде организација слична на бугарската револуционерна организација и да го следи примерот на Ботев, Бенковски и другите бугарски револуционери.

Неговите тези за бугарскиот карактер на ВМРО ги заснова и на тоа што Јане Сандански, Гоце Делчев и Борис Сарафов биле поврзани со бугарската армија.

За него уште еден доказ дека ВМОР е бугарска организација е фактот што таа имала свои структури и до Родопите какои во подрачјето на Едрене.

Бугарскиот историчар од своите македонски колеги бара јавно да ја признаат вистината, за која што според него, тие се целосно свесни.

Изјавата на Павлов доаѓа речиси три месеци по потпишување на договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија и пред формирањето на мешовитата историска комисија која што треба да ги расчисти дилемите за бугарскиот карактер на Македонија која што за официјалната бугарска историографија може да постои како засебна само по 1946 година.

Ако се суди според изјавите на Павлов и други влијателни бугарски историчари во иднина во македонските историски учебници ќе треба да се зборува за ВМРО како дел од бугарската историја а Гоце Делчев и Даме Груев нема да смеат да бидат именувани како македонски револуционери.