Македонските граѓани не и веруваат на својата армија

Македонија живее во заблуда дека нејзините граѓани имаат висока доверба во АРМ покажува најновото истражување на Евробарометарот според кое нашата земја е на дното на листата на држави чии жители веруваат во спосбноста на своите вооружени сили.



На листата на која се земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство Македонија е последна со само 51 % доверба во армијата.

Според анкетата што во 2014 година ја спроведе „Центарот за истражување и креирање политики“ граѓаните најголема доверба имале во Армијата, верските заедници и претседателот на државата, а најмала во судството и во партиите.

На прво место во Европа е Финска каде што 95 % од населението верува во способностите на своите вооружени сили.

На ниво на ЕУ околу 75 % од граѓаните веруваат на своите армии, 19 не веруваат во националните војски а околу 6 % немаат мислење на прашањето на Евробарометарот. Довербата во армиите на ниво на ЕУ е зголемено за 1 % во однос на лани.

Евробарометар е агенција на Европската унија која што го испирува јавното мислење на граѓаните на унијата а во неа често се мери и мислењето за одредени работи и во земјите кои што претендираат да станат членки како Македонија, Србија, Албанија и други.