Македонскиот Црвен крст на настраданото население во поплавите во БиХ ќе помогне со 10.000 евра

Македонскиот Црвен крст на настраданото население во поплавите во Босна и Херцеговина ќе помогне со 10.000 евра.



Тие стапиле во контакт Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, им понудиле помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите.

Од Црвениот крст упатуваат апел до населението да ја покажат солидарноста и да им се помогне на настраданите. Објавени се и сметките и телефонските броеви на кои сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош.

  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ
  • како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски телеком и А1.
  • За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X