Македонскиот херој на денот доаѓа од Сирково

Златко Димов е повредениот доброволец од пожарот кај кавадаречкото село Сирково кој настрада во обид да се спречи ширење на пламените јазици



Златко е сопруг и татко на три малолетни деца и невработен.

Настрадал додека со својот трактор правел противпожарен појас за спречи огнот да дојде до селото Сирково.

За жал додека Златко се движел со својот трактор ветрот го сменил правецот и доброволецот се нашол среде огнот.

За среќа Димов е надвор од животна опасност и нема посериозни повреди или изгореници.

Златко е еден од стотиците доброволци кои на повеќе локации низ Македонија рамо до рамо со пожарникарите, војниците, полицајците и вработените во ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување се борат со пожарите кои ја зафатија Македонија.