Македонскиот репрезентативец Ашковски пред трансфер во Левски

Стефан Ашковски, кој има 35 настапи за фудбалската репрезентација на Македонија, во вториот дел од сезонава би можел да го носи дресот на 32-кратниот шампион на Бугарија, Левски, објави „Фудбол њуз Јуроп“.



Според информациите, „сините“ од Софија се во напредни преговори со неговиот сегашен тим, турскиот второлигаш Шанлиурфаспор, при што евентуалната зделка се проценува на 160.000 евра.

Левото крило на возраст од 32 години веќе има играно во Бугарија и во сезоната 2018/2019 запиша 16 настапи за Славија од Софија, по што замина во романски Ботошани.