Македонскиот пасош овозможува влез без виза во 132 држави. Нашата земја го дели истиот резултат како Тонга и Гватемала, според индексот „Nomad Passport“ за 2025-та година, што го состави компанијата „Nomad Capitalist“ и цитиран од „CNBC“.
Ирска е држава со најмоќниот пасош во светот.
Рангирањето на „Nomad Capitalist“ анализира пет критериуми:
– Патување без визи – 50 отсто
– Даноци – 20 отсто
– Перцепција на светот – 10 отсто
– Можност за двојно државјанство – 10 отсто
– Лична слобода (слобода на медиумите, задолжителен воен рок и сл.) – 10 отсто
Во минатото често се случувало две држави да ја делат првата позиција.






