Бекот на Париз и на кошаркарската репрезентација на Македонија, Ти Џеј Шортс, е прогласен за најдобар играч во 32. коло од Евролигата.
„Ти Џеј Шортс е изграден поинаку!“, го објаснува својот избор елитното клупско натпреварување во објава на Икс.
Престижното признание Американецот со македонски пасош го заслужи со остварениот дабл-дабл од 20 поени и 14 асистенции (личен рекорд), како и 9 скока, 1 асистенција и 9 прекршоци направени врз него, севкупно за перформанс 36 во дербито со европскиот шампион Панатинаикос во Атина, кое гостите од Франција го добија со 101:98.
За Шортс ова е четврти избор на МВП на колото сезонава.






