Македонскиот Елиот Нес со нов предизвик: Дрвокрадци со Мерцедеси од 150 илјади евра

Македонскиот Елиот Нес со нов предизвик во војната против шумската мафија која Македонија ја чини десетици милиони евра годишно.



Заменикот директор во Јавното претпријатие Македонски Шуми Кире Михаилов кој за кратко време се справи со делови од шумската мафија сега има предизвик да се справи со дрвокрадци кои во кеш купуваат со најскапи Мерцедеси.

Овие шумски мафијаши според реакциите на социјалните мрежи се наоѓаат во регионот на Радовиш.

По објавата на expres.mk за акцијата на тимот на Михаилов во околината на Арачиново тој од локални жители доби информација дека во радовишко се случува дрвокрадци да купуваат најскапи Мерцедеси.

,,Нека дојде во Радовиш, село Дедино, таму дрвокрадците купуваат огромни најнови џипови од салон од по 150 иљади евра а никој не ги прашува од кај им се парите”, гласи една порака до Михаилов.

Михаилов ветува дека сите шумски мафијаши ќе дојдат на ред и ќе одговараат пред законот како што било ветено пред изборите.

,,Не знам дали знаеш, ние сме нова власт неколку месеци и за овие неколку месеци направивме повеќе отколку криминалциве кои заминаа од власт за цели седум години❗️”.
И да, ќе дојдеме секаде и ќе провериме кој што работел во минатото, ова јавно ти го ветувам❗️”, одговара Михаилов.

Дел од граѓаните го предупредуваат дека се работи за опасна и организирана мафија но Михаилов нема дилеми дека ќе се справи со сите што крадат од државата.

,,Кире не оди во Радовиш, оти тамо ќе те најде алот.
Господата од Радовиш, штом имаат скапи џипови во нив имаат и пиштоли.
На нив да и го загрозиш удобниот живот тие се склони на СЕ”, му пишуваат на заменикот директор на ЈПМШ.

Како Михаилов го заслужи прекарот македонски Елиот Нес

Како Елиот Нес: Влезе во војна со една од најопасните македонски мафии и на пат е да ја победи (ВИДЕО)

Најчитани статии

Не запира со убавини

По Дубровник и албански град падна пред водечкиот македонски видео уметник (ГАЛЕРИЈА)