Македонскиот берзански индекс со најголем раст во Централна и Источна Европа

Водечкиот индекс на Македонија (МБИ 10) продолжи со највисок раст во регионот на Централна и Источна Европа на крајот на март годинава во споредба и со претходниот месец, и со март 2024 година.



Во март МБИ 10 се зголеми за 55,04 проценти во однос на февруари, втор е чешкиот индекс РХ со зголемување од 43,28 отсто, а трет словенечкиот СБИТОП со раст од 43,19 отсто.

Наведените три индеска бележат и најголем годишен раст во регионот соодветно: МБИ10 со 49,4 проценти, РХ со 39,87 отсто и СБИТОП со 37,5 отсто.

Од земјите во опкружувањето српскиот индекс БЕЛЕКС на годишно ниво бележи раст од 25,01 проценти, хрватскиот КРОБЕКС од 21,04 отсто, грчкиот АТГ од 18,28 отсто, бугарскиот СОФИКС од 14,60 отсто, романскиот БЕТ од 10,32 отсто и турскиот БИСТ 100 од 5,07 отсто.

Берзанскиот индекс на Босна и Херцеговина БИРС е меѓу четирите во регионот со пад, и тоа од 9,00 проценти, заедно со словачкиот САКС од 7,38 отсто, рускиот МОЕКС од 7,47 отсто и летонскиот ОМЕКС Рига со рекордни 34,42 отсто.