Македонската музичка ѕвезда Андријана Јаневска потпишала договор со светската продукциска компанија Warner Bros.
Гласот на Јаневска која е еден од најдобрите балкански вокали се слуша во спотот за видео играта Мортал Комбат 1.
Оваа игра е една од најпопуларните на светот а ја играат десетици милиони луѓе секој ден.
,,Потпишав договор со светската филмска компанија Warner Bros.. Учествував како вокал на официјалниот саундтрак на видео играta Mortal Kombat 1. Ми претставува чест што работев на ваков врвен проект”, објави Јаневска.
Македонската ѕвезда почнува да пее околу првата минута од видеото






