Македонскиот производител на муниција „АТС груп“ ќе инвестира 100 милиони долари во изградба на фабрика за малокалибарска муниција во Соединетите Американски Држави.
Фабриката од 50.000 квадратни метри ќе има капацитет да произведува 200 милиони парчиња муниција од мал калибар годишно, првенствено наменета за американскиот пазар.
Производството во фабриката, која ќе се гради во Тексас, треба да почне до крајот на 2025 година.
Групацијата АТС опфаќа четири компании во Македонија, со вкупно над 500 вработени.