Македонска дигитална револуција: Секој електронски документ од државата може да се користи ако го испечатите

Од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции граѓаните може да го употребуваат и испечатен што значи дека за голем број на документи нема потреба да одите од шалтер на шалтер.



⚖️ Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Валидноста на печатените документи ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот.

,,Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.

Намален товар врз администрацијата и полесна достапност и ефикасност во обезбедување на административните услуги”, објаснува Андоновски.

За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот.

Со тоа се обезбедуваат јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот.

Најчитани статии

Огромен број македонски граѓани се уште имаат емоција за Југославија, Србија и Косово на врвот и дното на листата