Интонирањето на македонската химна ќе стане задолжително во основните училишта на територијата на општина Велес, а таквата одлука ја донесе Советот на општината со 20 гласа „за“.



„Со 20 гласа „за“ предлог–одлуката за задолжително интонирање на химната на Република Македонија во основните училишта во општина Велес е изгласана и одобрена“, беше објавено на крајот од седницата на советот.

„Целта на оваа иницијатива е со воведување на интонирање на химната во училиштата да се поттикне уште од најмала возраст, кај младите, чувствата за национална припадност, учење на децата за единство, за развој на историјата и традицијата, вреднување и препознавање на симболите кои се вклучени во химната и навестуваат развој на почитта кон својата татковина“, велат иницијаторите.