Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на маргините на самитот за мир во Украина се сретнала и имала краток разговор со потпретседателката на САД Камала Харис.
,,На маргините на #UAPeaceSummit накратко разговарав со Камала Харис @KamalaHarris, првата жена потпретседател во историјата на САД. И се заблагодарив за континуираната поддршка. Се надеваме на натамошно зајакнување на билатералните односи со САД. Македонија високо ја цени поддршката од нашиот стратешки партнер”, стои во објавата на Твитер.
Силјановска Давкова присуствува на самитот за мир во Украина кој се одржува во Луцерн, Швајцарија каде се собрани претставници на стотина држави.
https://x.com/gogamkd/status/1802060694361194505?t=75pKJr8DKTY1iep5c4ctKg&s=19





