Македонска државјанка загина, а уште тројца нејзини сонародници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 18 часот на автопатот Белград – Ниш кај Умчари, 40 километри југоисточно од главниот град на Србија.
Македонката била патничка во возилото марка „ауди А6“ со македонски регистарски таблички, кое се движело во правец кон Ниш и на пет километри од свртувањето кај Умчари излетело од коловозот, пробивајќи ја оградата од приватен имот.
Во возилото се наоѓале четворица државјани на Република Македонија, од кои двајца мажи и две жени, сите на возраст меѓу 30 и 35 години. Двајца од сопатниците на настраданата се наоѓаат во тешка состојба и се пренесени на Ургентниот центар.





