Македонка доби орден и стана француски витез

Пратеничката во македонското Собрание Бети Стаменкоска-Трајкоска го доби едно од највисоките француски државни признанија, орден Витез од редот на Академските палми.



Стаменкоска-Трајкоска орденот го добива како признание за нејзините активности при промоцијата на францускиот јазик и култура во Македонија. Македонија е членка глобалното движење за Франкофонија но во споредба со англискиот јазик и американката култура која се негува во Македонија, Франција е многу поназад.

,,Честитки за г-ѓа Бети Стаменкоска-Трајкоска 🇲🇰 за одликувањето со орден Витез од редот на Академските палми 🇫🇷! Заслужено признание за нејзиниот исклучителен ангажман во промоцијата на францускиот јазик и култура”, објави француската амбасада во Македонија користејќи ги хаштазите #АкадемскиПалми и #Франкофонија.

Орденот на Стаменкоска-Трајкоска и го доделил францускиот амбасадор во Скопје Кристоф Ле Риголер.