Македонија се најде на 112. место меѓу 145 држави опфатени со најновото рангирање на специјализираната вебстраница „Глобал фајарпауер“.
Од земјите во регионот зад неа се Црна Гора на 127. место, Босна и Херцеговина на 132. и Косово на 141., а далеку пред Македонија се Грција на 30. позиција, Бугарија е 62., Србија 63., Хрватска 74., Албанија 78. и Словенија 96.
Од европските земји зад Македонија се уште Луксембург на 117. место, Молдавија на 134. и Исланд на 135.
САД и понатаму се водечка воена сила на планетата, според „Глобал фајарпауер“, пред Русија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Велика Британија, Франција, Јапонија, Турција и Италија по тој редослед во топ-10.
Украина од 18. позиција падна на 20.






