„Анасамбл за албански народни ора и песни“ треба да се формира во Република Македонија, а Министерството за култура добило задолжение во рок од 30 дена да подготви и до владата да достави одлука за оваа нова национална установа.
Информацијата за потребата од основање на новиот „Ансамбл…“, како што пренесува НоваТВ, била разгледана на денешната владина седница.
Единствен национален ансамбл за народни песни и ора досега беше „Танец“ основан во 1949 година, кој претставува најважен презентер на македонското фолклорно наследство и творештво.





